Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија. НУЦК“Марко Цепенков“ својата дејност ја започнува во далечната 1979г. како Дом на Културата, со специјално подготвената театарска претстава “Факел“ од Коце Солунски.Во почетокот Домот на Културата ги потикнуваше аматерските самодејности : фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови. Во 90-те години во склопот на Домот на Културата влегуваат КПЗ на град Прилеп, Списанието за литература, уметност и култура “Стремеж“ и ЦСЛУ. Домот на Културата “Марко Цепенков“ прераснува во Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп со професионална и значајна издавачка, ликовно – галериска и сценско музичка дејност. ЦК“Марко Цепенков“ во 2004 г. го добива статусот: Нацио...
Posts
- Get link
- X
- Other Apps
Могилата на непобедените е меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп . Комплексот бил изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ. Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година, во 1961 година во градот Прилеп го подига монументалниот споменит во рамките на овој парк. Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации. Приле...
Прилеп
- Get link
- X
- Other Apps
Прилеп е град сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија . Прилеп е познат како градот под Марковите Кули поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херој Крали Марко. Градот и воопшто населби на подрајчето на поширокиот прилепск регион, датираат уште од антиката. Денесната местоположба нна градот потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и военостратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастофалниот пораз на самоиловата војска во Беласичката битка , 1040 година кога ги видел своите ослепени војници, царот Самоил починал од срцев удар. Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метрии, а на ридестите падини и до 680 метри. Живеат 76.768 жители, најголем дел од нив се Македонци 70.878 жители.