Могилата на непобедените е меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот бил изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ. Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година, во 1961 година во градот Прилеп го подига монументалниот споменит во рамките на овој парк.
Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации.
Прилеп под фашистичка окупација потпаднал во април 1941 година. На 8 април таа година во градот влегле претходницита на германската фашистичка војска, а на 24 април влегла бугарска војска. Уште од првите денови на окупацијата се појавивл општонароден отпор организиран од Комунистичка партија, која го подготвила и Првиот партизански одред. Како резултат на тоа, со првиот истрел на 11 октомври 1941 година при нападот на Участакот отпочнало востанието на македонскиот народ за ослободување на фашистичкиот окупатор.
Во текот на НОВ во многу куќи во градот ботците имале свои скривници работилници за изработка на оружје и санитетски материјал.Во Прилеп за цело време на НОВ делувала и раководела апртизанската организација,а исто така се чувствувало силно влијание на СКОЈ (Сојуз на Комунистичка Омладина на Југославија). Народна помош на АФЖ (Антифашистички фронт на жените).Илегалната партиска техника која била организирана уштепред војната постоела и за време на окупацијата и издавала летоци,Билтен,Радиобилтен,а подоцна и весникот „Народен Глас“.Градот бил ослободен на 9 септември 1944, а конечно ослободување е на 3 ноември истата година.
Comments
Post a Comment