Прилеп

 


Прилеп е град сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. Прилеп е познат како градот под Марковите Кули поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херој Крали Марко. Градот и воопшто населби на подрајчето на поширокиот прилепск регион, датираат уште од антиката. Денесната местоположба нна градот потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и военостратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастофалниот пораз на самоиловата војска во Беласичката битка, 1040 година кога ги видел своите ослепени војници, царот Самоил починал од срцев удар. Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метрии, а на ридестите падини и до 680 метри. Живеат 76.768 жители, најголем дел од нив се Македонци 70.878 жители.

Comments